Претходна статија
Градските власти ќе го работат проектот за ентериер на Градската куќа
Следна статија
Отворени Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2018

Тендер за изградба на детска градинка во скопско Стајковци

Објавено на 24.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Околу 30 милиони денари ќе се одвојат од буџетот на скопската општина Гази Баба за да се изгради долгонајавуваната детска градинка во селото Стајковци. Локалната самоупра деновиве го распиша тендерот за пронаоѓање изведувач што ќе го гради идниот образовен објект што ќе треба да обезбеди сместување на дечињата од претшколска возраст. Времетраењето на договорот со идниот изведувач на градинката ќе изнесува 24 месеци, додека општина Гази Баба ќе ги обезбеди средствата за изградба на објектот со буџетите од 2018 и од 2019 година.

 

Заинтересираните компании имаат рок до 8 ноември за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка. Главен критериум за избор на изведувачот на работите ќе биде понудената најниска цена. Пред да го распише огласот, општина Гази Баба го реши прашањето за откупување на градежното земјиште на кое ќе се гради новата детска градинка во селото Стајковци.