Претходна статија
Тендер за изградба на детска градинка во скопско Стајковци
Следна статија
Првата депонија по европски стандарди отворена во Гевгелија

Отворени Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2018

Објавено на 24.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“, од денеска до 28 октомври, ќе се одржат 15. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 8. Меѓународен саем на недвижности Real Expo. Саемот ќе биде отворен за посетителите во периодот од 10 до 19 часот, а цената на редовната влезница е 80 денари. Во наредните саемски денови на идентичната локација ќе се одржи и 44. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита.

 

 

На овогодинешната саемска манифестација се претставени над 60 изложувачи од земјава и од странство. Програмски партнер на саемите е Програмата за поддршка на зелената економија на Европската банка за обнова и развој преку која се обезбедуваат средства за инвестиции во енергетски ефикасни технологии.