Претходна статија
ВМРО-ДПМНЕ бара пари за реновирање на прилепските дуќани, власта вели се работи на проектот
Следна статија
Универзитетскиот Клинички центар во Скопје со нова локација и нов извор на финансирање

Започна изградбата на нова автобуска станица во Куманово

Објавено на 15.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопската фирма „Руле-турс“ деновиве ја започна изградбата на новата меѓуградска автобуска станица во Куманово. Објектот ќе има приземје и два ката, и ќе бие подигнат на локацијата на постојната автобуска станица во градот. Во изминатиов период на терен се работеше на уривање на старата автобуска станица, која што всушност беше привремен монтажен објект изграден пред неколку децении. Изведбата на новата зграда ќе се одвива во етапи, а во меѓувреме станицата е преместена во монтажни објекти во склоп на самата автобуска станица.

 

*Досегашниот девастиран објект е срушен, а Куманово веќе во 2019 година ќе добие нова автобуска станица

 

Новиот објект на автобуската станица ќе се состои од билетара, чекална, санитарни јазли, угостителски објекти и сите останати содржини што им се потребни на патниците. Првата фаза од проектот е предвидено да се реализира до првото тримесечје од 2019 година. Реализацијата на целокупната инвестиција пак ќе означува завршување на целокупниот објект, но и средување на перонскиот простор.

 

Со овој проект треба конечно да се реши проблемот со катастрофалната состојба во која се наоѓаше досегашниот објект во Куманово, којшто ја имаше една од најстарите и најдевастирани автобуски станици на територијата на целата земја.