Претходна статија
Граѓаните протестираат, инвеститорот започна со изградба на објектот кај Мајчин дом
Следна статија
Во август започнала постапката за изградба на 285 нови станови низ земјава

Модернистичката архитектура на Косово на 16 октомври гостува во Музеј на град Скопје

Објавено на 10.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Изложбата „Косовски модернизам – архитектонски буквар“ ќе биде отворена на 16 октомври во Музејот на град Скопје. Автори на изложбата се универзитетските професори Илир Ѓиноли и Лулзим Кабаши, кои пред скопската публика ќе го претстават периодот на развој на архитектурата и урбанизмот во Косово во периодот на поранешната СФР Југославија. Во кусиот вовед за претстојната изложба во Скопје, авторите посочуваат дека Модерната во Косово не е валоризирана од соодветните државни институции, но и често пати е потценета од општеството.

 

 

„Периодот од таканаречениот „социјалистички модернизам“ на бившата СФРЈ, за Косово не беше само една трансформација во контекст на развојот на архитектурата на градот, туку тој го означува и почетокот на урбанистичката и архитектонската дејност на еден организиран начин, вклучувајќи тука и квалификација на архитекти од различни школи на бивша Југославија и создавање на косовско архитектонско школо на крајот од 70-тите години на 20-иот век“ се вели во најавата за претстојната изложба. Целокупната постапка ќе биде отворена за посети во Музејот на град Скопје до 30 октомври.