Претходна статија
Одбележани 69 години од основањето на Градежниот факултет
Следна статија
Струмица ќе ја шири секундарната дистрибутивна гасоводна мрежа

Велес по петти пат годинава бара проектант за изработка на ГУП – от

Објавено на 09.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Откако беа поништени претходните четири обиди во изминативе десетина месеци, Општина Велес денеска го објави најновиот оглас за избор на проектант што ќе го изработува новиот Генерален урбанистички план за Велес (ГУП). Петтиот обид стартува со повисока проценета вредност за изработка на ГУП – от, која што би чинела околу 3,5 милиони денари. Ревизијата на ГУП – от ќе биде одвоена во посебна постапка. Проектирањето би се одвивало во три фази, коишто ќе траат вкупно 230 дена и ќе финишираат со предлог – Генерален урбанистички план за Велес.

 

 

Заинтересираните проектанти имаат рок до 30 октомври за да ги достават своите понуди за учество во тендерската постапка. Идниот ГУП за Велес е предвидено да опфати површина од 1.600 хектари и со неговото изготвување е предвидено да се замени постојниот план, чиј рок на важење истекува годинава.