На 09.10.2018 во 19 часот во Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски „Плоштад Слобода ќе ја промовира публикацијата „Град за сите: Модерна за деца“. На промоцијата ќе бидат прикажани фото и видео записи од работилниците спроведени во рамки на проектот, а ќе бидат изложени и делата на учесниците во работилниците, деца од Скопје и пошироко, на возраст од 7 до 13 години.
Првиот дел од публикацијата е своевидна презентација на сработеното, додека вториот дел е замислен како работна тетратка за сите деца на оваа возраст, заинтересирани за архитектура и наследството на Скопје. Во публикацијата има и работна програма според која може во неформални услови да се спроведе истата програма. Проектот беше поддржан од Годишната програма за култура на Град Скопје за 2018 година.