Претходна статија
Заврши санацијата на браната Пишица кај Пробиштип
Следна статија
На 9 октомври промоција на публикацијата „Град за сите: Модерна за деца“

Денови на Орис во Загреб по 18-ти пат

Објавено на 03.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Овогодинешните Денови на Орис ќе се одржат во Загреб на 13 и 14 октомври во Концертната сала Ватрослав Лисински. Ова е 18-то издание на реномираниот меѓународен архитектонски симпозиум во организација на часописот Орис и Орис – Куќа на архитектурата. На него досега се претставиле најзначајните имиња на светската архитектонска и културна сцена и секоја година привлекува повеќе од 2.000 посетители од регионот.

 

 

Предавачи годинава ќе бидат:

 

Atelijer Bow-Wow – Yoshiharu Tsukamoto, Momoyo Kaijima, Yoichi Tamai (Јапонија), Познати по архитектонското, но и по истражувачкото делување;

Balkrishna Doshi (Индија), архитект, урбанист и едукатор, добитник на Прицкеровата награда za arhitektura за 2018 година;

NL Architects – Pieter Bannenberg, Walter van Dijk, Kamiel Klaasse (Холандија), добитници на Mies van der Rohe наградата за 2017 година;

Deyan Sudjic (Велика Британија), публицист и теоретичар на архитектура и дизајн, директор на Музејот за дизајн во Лондон;

Patrik Schumacher (Велика Британија), директор на Zaha Hadid Architects, добитник на Stirling наградата за архитектура;

Beals – Lyon Architects – Alejandro Beals и Loreto Lyon (Чиле), добитници на наградата за млади архитекти за 2015 Young Architects Program (YAP) Constructo in Chile, под покровителсто на МоМА;

Rok Žnidaršič (Словенија), архитект и доцент на Факултетот за архитектура во Љубљана, двократен добитник на Плечниковата награда, најзначајната словенска награда за архитектура;

Davor Mateković (Хрватска), добитник на наградата Драго Галиќ (Здружение на хрватски архитекти) за станбена архитектура, т.е. на наградата на часописот The Plan;

Ira Payer (Хрватска), творец и креативен директор на фестивалот Design District Zagreb.

 

 

Повеќе информации, како и фотографии од архитектите и од нивните рецентни трудови може да се преземат од следниот линк.