Општина Аеродром објави тендер за изведувач на партерното и хортикултурното уредување на новиот парк во населбата Мичурин. Јавната површина ќе се простира на локација на која што во моментов има оштетени реквизити и уништена урбана опрема и зеленило. Изведувачот ќе има рок од 90 дена за да го уреди новото зеленило, осветлувањето и урбаната опрема во паркот со површина од 3.573 метри квадратни.
*Извор на фотографија: Општина Аеродром
Според проценките на Општина Аеродром, реализацијата на проектот ќе чини околу 9 милиони денари. Заинтересираните фирми имаат рок до 5 ноември за да ги достават понудите, а очекувањата се дека новиот парк ќе биде готов на почетокот од 2019 година.