Претходна статија
Големата награда на БИМАС 2018 за објектот „Челзи бизнис центар“
Следна статија
Ќе се интензивира изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп

По три децении пауза, нова детска градинка се гради во Штип

Објавено на 28.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Штип започна со изградба на нова детска градинка во штипската населба Сењак. Објектот е со површина од 1.499 метри квадратни и во него е предвидено да се сместат околу 200 дечиња. „Се работи за еден прилично скап објект кој изнесува околу 50.000.000 денари, односно околу 800.000 евра. Седумдесет проценти од оваа сума се средства обезбедени од буџетот на Општина Штип, додека околу 30% од ИПР преку Биро за рамномерен и регионален развој“ посочува штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

 

*Извор на фотографија: Општина Штип

 

Со градинката ќе се реши проблемот со недостог на доволен број слободни места за сместување на децата во населбата Сењак. Тендерската постапка за изградба на објектот беше реализирана во текот на изминатово лето.