Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи за изградба на експресниот пат Градско – Прилеп. До овој момент, завршени се 20% од предвидените градежни работи од втората фаза и во тек е изведбата на мостовските конструкции и земјените работи. Во моментов се гради втората фаза од Дреновска до Фаришка клисура во должина од 10 километри, како и првата фаза од Градско до Дреново во должина од 16 километри.
*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски
„Наследивме огромни проблеми што се јавија при изградба на оваа фаза, проблеми со експропријацијата, со проектираниот тунел и со археолошки наоѓалишта. Но, со изведувачот континуирано преговараме со изведувачот како да ги надминеме овие проблеми и да ја забрзаме изградбата. Мислам дека сме на добар пат, наскоро ќе потпишеме анекс на договорот за да утврдиме краен рок за изградба и ве уверувам дека ќе се држиме до тој рок“ изјави министерот Сугарески. Во претстојниот период ќе се забрза изградбата на овој патен правец.
Тој најави дека наскоро ќе биде распишан тендер за последната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река, како и проширување на патот со трета лента на делот кај Каменоломот со вкупна должина од 7,5 километри. Финансиските средства за овие ве делници се обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ. Вкупната инвестиција за реализација на трите етапи од експресниот пат Градско – Прилеп е околу 60 милиони евра, обезбедени од ЕУ, Европската банка за обнова и развој и државниот буџет.
» Форумска дискусија за овој проект