По неколкумесечна работа на терен, успешно е реализиран проектот за регулација и уредување на коритото на Липковска река во општина Липково. Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон и градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи денеска извршија посета на уредената локација во Липково.
*Извор на фотографија: Министерство за животна средина и просторно планирање
Со постојниот проект се прошири постојната регулација на Липковска река со дополнителни 400 метри, за што од УНДП беа обезбедени околу 200.000 долари. Со проектот ќе се намали ризикот од поплави во општина Липково и ќе се овозможи интегрирано управување со водите од овој регион. Градежните работи на терен ги изведе тетовската фирма „АК Инвест“, додека надзорот над изведбата го вршеше „Евроконсалтинг“.