Претходна статија
БИМАС ДЕБАТА: Развојот на Скопје во иднина ќе се одвива низ соработка на Градот и експертите
Следна статија
Отворени објекти за фитосанитарна и ветеринарна инспекција на ГП Блаце

Започна реконструкцијата на улица „Антон Попов“ во Кисела Вода

Објавено на 25.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје ја започна реконструкцијата на улицата „Антон Попов“ во скопската населба Кисела Вода. Станува збор за обнова на коловозот на оваа сообраќајница, на потегот од раскрсницата со улицата „Павел Шатев“ до улицата „Димо Хаџи Димов“. Градоначалникот Петре Шилегов денеска изјави дека ќе се санираат 584 метри од оваа улица, за што се издвоени 5,5 милиони денари од буџетот на Град Скопје. „Коловозот на улицата „Антон Попов“ сега е оштетен, со пукнатини на асфалтот и вдлабнатини на автобуските стојалишта и крстосниците“ изјави градоначалникот Шилегов.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Градежните работи на терен ќе ги изведува радовишката фирма „ВЕ-ГРУПА“. Рокот за завршување на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“ е два месеци.