Претходна статија
Трафостаницата „Дуброво“ се модернизира со 4,6 милиони евра вреден проект
Следна статија
Град Скопје ја почнува постапката за изградба на тунелите под Кале

Предавање на архитект Луис Вивес утре во Музејот на современа уметност

Објавено на 24.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Скопје светски град“ е настанот што во текот на утрешниот ден, со почеток од 19 часот, ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје. Програмата вклучува предавање на архитектот Луис Вивес од Барселона и на домашни гости кои ќе говорат на темата за одржлив развој на градовите од своето лично искуство. По предавањата, предвидено е да се одржи дискусија со гостите на темата „Скопје светски град“. Настанот е во организација на МЕЛЕЕМ и е поддржан од Град Скопје.

„СКОПЈЕ СВЕТСКИ ГРАД е повик за акцентирање на околината во која се наоѓа архитектонската зграда и нејзиното влијание врз урбаната средина, зеленилото, пешачките и велосипедските патеки, просторите за детска игра, прошетките за повозрасните, погледите на луѓето и слично“ нагласуваат организаторите на утрешниот настан.