Претходна статија
Во „Мала станица“ отворена БИСТА 2018
Следна статија
Битолската обиколница ќе биде реконструирана во наредните 8 месеци

Природен гас од гасоводот ТАП може да потече и од Албанија

Објавено на 21.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонски енергетски ресурси АД и АЛБГАЗ од Тирана денеска го потпишаа Меморандумот за разбирање што има за цел да воспостави деловна соработка за изградба на интерконективен вод меѓу двете земји. „Денешниот Меморандум е чекор напред за развој на билатерално стратешко партнерство во секторот природен гас, како продолжение на веќе потпишаниот Меморандум за соработка во областа на енергетиката“ изјави македонскиот министер за економија Крешник Бектеши. Тој посочи дека изградбата на проектот ТАП на албанска територија е во завршна фаза.

 

*Извор на фотографија: Министерство за економија

 

Министерот Бектеши нагласи дека стратешкото партнерство меѓу македонската и албанската државна компанија ќе овозможи сигурност и диверзификација на снабдувањето со природен гас. Воспоставената соработка ќе обезбеди промоција на гасификацијата, можност за испорака на дополнителни количества природен гас меѓу двете земји, но и поттикнување на инфраструктурните инвестиции во енергетиката.