Претходна статија
Општинарите ја сопреа незаконската градба кај Скопското Кале
Следна статија
Отворање на изложбата „Урбанизмот на Дебар Маало“ утре во галерија „Акантус“

До почетокот на март ќе биде готов проектот за продолжување на булеварот АСНОМ

Објавено на 19.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Најдоцна за 6 месеци ќе бидат изработени основниот и сообраќајниот проект за изградба на булеварот „АСНОМ“, на потегот од Скопскиот саем во Ќерамидница до спортскиот центар „Јане Сандански“ во населбата Аеродром. Градот Скопје ги потпиша двата договори за изработка на проектната документација, која што ќе чини околу 1,5 милиони денари. Основниот проект ќе го изработи „ГЕИНГ КуК“ од Скопје, додека за изработувач на сообраќајниот проект е избрана гостиварската фирма „Виадукт трејд“.

 

 

Со нивната изработка до почетокот на март 2019 година, Градот Скопје ја отвора можноста за распишување на оглас за избор на градежна фирма и за почеток на градежните работи. Градоначалникот Петре Шилегов минатата недела изјави дека новата сообраќајница меѓу Ќерамидница и Аеродром ќе биде завршена во рок од 2 години. Нејзината изградба би чинела од 7,5 до 8 милиони евра, при што средства за реализација на градежните работи ќе треба да се обезбедат веќе во претстојниот градски буџет за 2019 година.

 

Целокупната траса на булеварот „АСНОМ“ би изнесувала 2.170 метри, вклучувајќи го и новиот мост долг 120 метри кај спортската сала „Јане Сандански“. Доколку се реализира овој проект, македонската метропола ќе добие алтернативна траса за движење на возилата, велосипедите и пешаците што би го заобиколувале Транспортниот центар. Оваа сообраќајница ќе овозможи и натамошен урбан развој на населбата Ќерамидница, која што во моментов е отцепена од останатите населби без ниту една поважна сообраќајница што минува низ нејзина територија.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk