Претходна статија
Отворање на изложбата „Урбанизмот на Дебар Маало“ утре во галерија „Акантус“
Следна статија
БИМАС ДЕБАТА: Објектите во Македонија не се изведуваат секогаш по проектите изработени од архитекти

Реконструкцијата на скопската обиколница ќе заврши до крајот на годинава

Објавено на 19.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

И по две години од катастрофалните поплави во Скопје, оштетените делови од скопската обиколница не се целосно реконструирани. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи што во моментов се одвиваат на овој автопат. Станува збор за санација на сегментот од клучка Стајковци до клучка Мирковци во должина од 10 километри, инвестиција во висина од 600.000 евра од буџетот на ЈП за државни патишта.

 

*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

Зафатот опфаќа санација на долниот строј и на горниот строј од скопската обиколница, со што ќе се овозможи нормално движење на возилата. Краен рок за извршување на градежните активности е пролетта 2019 година, но надлежните денеска истакнаа дека ќе се направи напор проектот да се заврши до крајот на оваа година.

 

Катастрофалните поплави го уништија асфалтот, како и хоризонталната и вертикалната сигнализација на овој потег од обиколницата. Претходната влада ја започна постапката за реконструкција на делницата долга 10 километри, но никогаш не ја заврши. Првичните ветувања беа дека скопската обиколница ќе биде функционална по само неколку месеци од поплавите.