Претходна статија
СТОРИЈА: Слепите црева на недоградениот автопат меѓу Македонија и Албанија
Следна статија
Отворена изложбата „Архитектонски илустрации“ на Зоран Кардула

Проектот за изградба на 145 спортски сали ќе го продолжи сегашната влада

Објавено на 18.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Владата на денешната седница се одлучи да го продолжи рокот за реализација на склучениот договор за изведба на градежни работи за изградба на училишни спортски сали низ земјава. Ваквиот чекор доаѓа на предлог на Министерството за образование и наука по намалениот интензитет на работа на терен. Овој проект беше зачнат од претходната влада на ВМРО – ДПМНЕ, а истиот предвидуваше до крајот на 2014 година да се изградат 145 спортски сали низ целата земја, и тоа 30 вакви објекти во средните училишта и 115 спортски сали во основните училишта.

 

 

Постојната влада со донесената одлука ќе треба да ја заокружи реализацијата на овој проект, којшто се одолговлекува цела деценија наназад. Во изминатиов период беа пуштени во употреба десетици вакви спортски сали, но во некои општини започнатите градби не се завршија. Извршната власт го продолжи и рокот за извршување на стручно – техничкиот надзор над градежните работи, со што се очекува довршување на овој проект. Од владината прес – служба денеска не соопштија кога би можело да се очекува успешно завршување на целокупниот проект вреден 4,2 милијарди денари.