Со минимално задоцнување од неколку недели, автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во сообраќај од ноември годинава. Неповолните временски услови влијаеле на пролонгирањето на градежните работи, кои требаше да бидат комплетирани до 30 септември. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изврши увид на градилиштето и посочи дека градежните работи на автопатот долг 47 километри ќе бидат готови до средината на октомври.
„Со многу забрзано темпо се работи на последните неколку километри, на завршената траса се работи на поставување на знаци, табли и одбележување на коловозот. Грешките што ги наследивме ги корегиравме, сите проблеми ги надминавме“ изјави Сугарески. Автопатот Миладиновци – Штип е во вредност од 226 милиони евра, кои беа обезбедени од кредитот земен од кинеската Ексим банка.
» Форумска дискусија за автопатот Миладиновци – Штип