Претходна статија
Од почетокот на октомври ќе нема возови кон Белград и Солун
Следна статија
Се продаваат две парцели за изградба на фотоволтаични централи во Теарце

Започна изградба на фабрика за индустриски кетеринг во Маџари

Објавено на 15.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Вицепремиерот Кочо Анѓушев и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски денеска присуствуваа на почетокот на изградбата на новиот индустриски објект на фирмата „Индустри сервис“ во скопската населба Маџари. Станува збор за индустриски капацитет што ќе биде специјализиран за производство на храна за потребите на големите фабрики во Македонија. Во објектот ќе се инвестираат околу 1,5 милиони евра, а планирани се до 100 нови работни места.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Оваа македонска компанија во моментов произведува околу 9.000 оброци дневно, односно над 2 милиони оброци годишно, а со новата фабрика ќе се удвои производството. Вкупната површина на објектот ќе биде 1.800 метри квадратни, на парцела од 2.650 метри квадратни. „Станува збор за семејна компанија, која започнала како мала, а во текот на годините се проширувала. Факт е дека во многу земји индустријата се заснива на семејни компании“ изјави вицепремиерот Анѓушев.