Претходна статија
Ќе се изработи проект за изградба на нова градинка во скопски Мичурин
Следна статија
Транспортот и во 2017 година бил еден од главните извори на загадување

142 парцели за изградба на куќи огласени на продажба во Сарај

Објавено на 07.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Сарај планира да гради нова типска населба кај селото Глумово, во месноста викана Љубин, во близина на спортско – рекреативниот центар „Матка“. Денеска е распишан оглас за продажба на 142 градежни парцели за изградба на куќи за индивидуално домување. Целокупното земјиште на типската населба се простира на површина од 96.233 метри квадратни. Идните куќи ќе имаат максимална висина од 10,2 метри, односно приземје со 2 ката. Почетната цена на огласените парцели за продажба е 61 денари за метар квадратен.

 

Општина Сарај очекува дека да оствари приходи од минимум 5,8 милиони денари од претстојната продажба на огласеното земјиште. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 26 септември. Електронската лицитација на огласените локации за градење ќе се одржи на 29 септември и на 1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 15 октомври. Купувачите на парцелите за изградба на куќи ќе имаат рок од 9 месеци за да обезбедат одобренија за градење, по завршувањето на постапката за купопродажба на градежно земјиште.