По повеќе од три децении, реконструирана е и санирана улицата „Кпиштец“ во општина Центар. Во изминатиов период е поставен нов асфалт и коловоз со површина од 2.600 метри квадратни, нови рабници во должина од 280 метри, реконструиран е тротоарот со површина од 520 метри квадратни и поставена е атмосферска канализација во должина од 260 метри.
*Извор на фотографија: Општина Центар
Покрај санацијата на коловозот, со проектот е решен проблемот со атмосферските води во овој дел од општината. Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, воедно најави дека во наредниот период ќе се работи на реконструкција на улиците „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“ и улицата „Караорман“.