Претходна статија
Светскиот авторитет Јан Гел може да помогне во натамошниот развој на Скопје
Следна статија
Државата ќе помогне во изградбата на инфраструктурни проекти во Охрид

„Кранфилд Фаундри“ ќе инвестира 20 милиони евра во новата фабрика во Пробиштип

Објавено на 05.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Странската компанија „Кранфилд Фаундри“ планира да инвестира 20 милиони евра во идната топилница и фабрика за леење на железо што ќе се гради во пробиштипската индустриска зона Неокази. Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска го потпиша анексот на договорот за доделување на државна помош на оваа фирма. Првичната инвестиција од 15 милиони евра ќе се зголеми за дополнителни 5 милиони евра, а предвидено е да се отворат нови 100 работни места.

 

 

Фабриката ќе изработува производи воглавно наменети за автомобилската индустрија. Компанијата веќе ги потпишала договорите со добавувачите за производствениот капацитет и за набавка и инсталација на опремата за производство на оваа фабрика. Инвеститорот ги реализирал сите подготвителни градежни активности, а увезени се и дел од машините за производство. Општина Пробиштип на почетокот од јули годинава го објави и огласот за продажба на градежната парцела на која ќе се гради оваа тешка и загадувачка индустрија.