Претходна статија
Се реконструира улицата „Климент Охридски“ во центарот на Битола
Следна статија
Светскиот авторитет Јан Гел може да помогне во натамошниот развој на Скопје

290 милиони денари за инфраструктурни зафати во 6 општини

Објавено на 05.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за финансии денеска ги потпиша договорите за реализација на инфраструктурни зафати во вредност од 290,7 милиони денари во шест македонски општини. Проектите ќе се изведуваат во општините Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Центар Жупа, Желино и Студеничани, а директен бенефит од нив ќе имаат 25.000 жители од овие населени места. Станува збор за осум инфраструктурни зафати, меѓу кои е и изградбата на атмосферска канализација од 5,2 километри за околу 3.500 жители од скопската населба Пржино, реконструкцијата на осум улици и булевар во Кавадарци и реконструкцијата на локалниот пат Кадино – клучка за автопатот А4 во Илинден.

 

Од надлежното министерство информираат дека набргу ќе се објави нов јавен повик до општините преку Проектот за подобрување на општинските услуги. „Ќе ги повикам сите општини да аплицираат со капитални проекти на новиот јавен повик на Проектот за подобрување на општински услуги, кој Министерството за финансии ќе го објави до крајот на месецот. За распределба има околу 8 милиони евра“ изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.