Во рамките на овогодишнешниот Ин Ситу саем за уметност, на 15 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи предавањето „Postmodern Iterations“ на португалското ФАЛА ателје од Порто. Ова архитектонско ателје е познато по негувањето на наивноста како пристап во архитектурата. Основано е во 2013 година, а предводено е Филипе Магелан, Ана Луиза Соарес и Ахмед Белхоџа. Предавањето ќе се одржи во Кино Фросина, со почеток од 20 часот.
„Проектите на ФАЛА се мешавина од формални јазици, референци, цитати и теми, водени од опсесијата за јасност; нивната архитектура е и хедонистичка и пост – модерна, интуитивна и реторичка“ се наведува во најавата за одржување на претстојното предавање. Ин Ситу е меѓународен саем на уметност што ќе се одржи во Скопје во периодот од 13 до 15 септември. Архитектонската програма на Ин Ситу е курирана од Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.