Претходна статија
Предавање на ФАЛА ателје од Порто на 15 септември во МКЦ
Следна статија
290 милиони денари за инфраструктурни зафати во 6 општини

Се реконструира улицата „Климент Охридски“ во центарот на Битола

Објавено на 04.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Битола ја започна реконструкцијата на улицата „Климент Охридски“ во централното градско подрачје. Станува збор за санација на потегот од семафорите кај градскиот музеј до семафорите кај улицата Солунска. Долж улицата ќе се постави нова водоводна и канализациона мрежа, по што ќе следува и обновата на асфалтот. Битолската градоначалничка Наташа Петровска при извршениот увид во градежните работи информираше дека релизцијата на проектот ќе чини 10 милиони денари. Останатиот дел од оваа битолска сообраќајница ќе биде реконструиран во периодот на изведба на пречистителната станица.

 

*Извор на фотографија: Општина Битола

 

Градежните работи ги изведуваат битолските јавни претпријатија „Нискоградба“ и „Водовод“, а зафатот треба да заврши во текот на оваа есен. Во наредната етапа, во текот на изградбата на пречистителната станица, е предвидено да се обнови и преостанатиот дел на улицата „Климент Охридски“, на потегот меѓу улиците „Солунска“ и „Леринска“.