Претходна статија
Гостивар со нов обид за воведување на зонско паркирање
Следна статија
Железницата втор квартал по ред ниже позитивни резултати

Ќе се гради монтажна паркинг гаража во центарот на Куманово

Објавено на 25.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово распиша тендер за изработка и поставување монтажна паркинг гаража пред Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во центарот на градот. За ова привремено паркиралиште изработено од модуларна еднокатна конструкција ќе бидат издвоени околу 17 милиони денари, со вклучен ДДВ. Идниот изведувач ќе биде должен да го изгради монтажниот паркинг во рок од 6 месеци по потпишувањето на договорот. Заинтересираните фирми имаат рок до 13 септември за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка.

 

Со изведбата на овој монтажен паркинг е предвидено да се обезбедат дополнителни паркинг места во центарот на Куманово, кое во моментов се соочува со голем сообраќаен метеж како последица на недостигот на паркинг. Општина Куманово на почетокот од годинава распиша тендер за изградба на три слични инфраструктурни објекти во градот, но ниту една компанија не достави понуда за изведба на ваквите паркинзи.