Претходна статија
Бунар без дно - нови 48 милиони денари за реконструкција на Албанскиот театар
Следна статија
Гостивар со нов обид за воведување на зонско паркирање

Со владина помош се градат улици и канализација во Волково и Кисела Јабука

Објавено на 24.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски денеска извршија увид во градежните работи за изградба на нови улици во скопските населби Кисела Јабука и Волково. Станува збор за изведба на 33 улици, со кои ќе се овозможи нормално движење на возилата низ овие населени места. Седум од улиците веќе се алфалтирани, а во моментов се подготвува изведбата на нови две. Како што информираат од општина Ѓорче Петров, до крајот на годинава треба да заврши реализацијата на овој проект.

 

*Извор на фотографија: Општина Ѓорче Петров.

 

Паралелно со изградбата на нови улици, градоначалникот Наумоски и министерот Сугарески информираа дека ќе стартува проектот за поставување на фекална канализација во Волково. Со зафатот би се завршиле следните 22 километри, со што ќе останат 40 отсто неопфатени делови од ова населено место кои е планирано да се доизведат со нови проекти што следуваат во иднина. Министерот Горан Сугарески изрази задоволство од соработката што ја имаат како министерство со општина Ѓорче Петров, напоменувајќи дека остануваат неискористени околу 12 милиони евра од кредитната линија на ЕИБ за кои може да аплицираат македонските општини при изведбата на инфраструктурни зафати.