Претходна статија
43 милиони денари за пошумување на Водно по изградбата на магистралниот гасовод
Следна статија
Невладините остануваат против изградба на магистралниот гасовод на Водно

20 милиони денари за реконструкција на водоводот во Теарце

Објавено на 23.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Најдоцна за 8 месеци, во тетовското село Теарце ќе се реконструира водоводната мрежа за подобрување на снабдувањето со питка вода на населението. Министерството за транспорт и врски го склучи договорот за замена на водоводните линии во должина од 12,2 километри, вклучувајќи ги и двата довода од резервоарите за вода. За изведувач на градежните работи е избрана тетовската фирма „Бибај Компани“. Како што се наведува во договорот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, во овој проект ќе се инвестираат околу 20 милиони денари.

 

Тендерот за реконструкција на водоводната мрежа во тетовско Теарце беше објавен кон крајот на април годинава. Со претстојниот градежен зафат ќе се променат постојните водоводни цевки со помали профили од потребните за снабдување со вода на населението, со што ќе им се овозможи на достап до питка вода на сите жители од ова населено место.