Претходна статија
12 градежни парцели на продажба во Штип
Следна статија
Се гради инфраструктурата во поранешната касарна во Битола

Конкурс за изработка на спомен обележје на загинатите војници во Првата светска војна на Солунскиот фронт

Објавено на 20.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Новаци денеска објави Конкурс за избор на идејно решение за подигање на спомен обележје на загинатите војници во Првата светска војна на Солунскиот фронт. Спомен обележјето ќе биде изработено во камен и ќе биде лоцирано во мариовското село Брод. Заедно со споменикот на жртвите од една од најкрвавите битки во Првата светска војна, предвидено е и партерно уредување на околниот простор од 500 метри квадратни. „Покрај историското обележување особено е важна материјалната, обликовната и архитектонската вредност која треба да ја добие конкретната локација“ се наведува во распишаниот Конкурс.

 

Заинтересираните автори и проектантски бироа треба да ги достават своите трудови до Општина Новаци најдоцна до 24 септември. На најсоодветните идејни решенија ќе им се доделат три награди, и тоа прва награда во висина од 20.000 денари, втора награда од 10.000 денари и трета награда од 5.000 денари нето износ. За донесување на конечната одлука при вреднувањето на конкурсните трудови ќе одлучува оформеното жири во состав: Лилјана Најдовска, Наумче Смилевски, Слободе Ристевски, Мирјана Хаџиевска, Борис Христовски, Благој Бежановски и Стефан Каранфиловски.