Претходна статија
Повеќе извршени, помалку договорени зделки на градежниците во странство
Следна статија
Два милиони евра за набавка на фотоволтаични системи за 35 општини

Град Скопје започнува со реконструкција на неколку улици и булевари

Објавено на 17.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопските градски власти во претстојниот период ќе работат на реконструкција на неколку улици и булевари во главниот град. Деновиве започна санацијата на улицата Ацо Шопов во општина Карпош, а во следните денови ќе почне и реконструкцијата на булеварот Партизански одреди, на потегот од мостот „Обединети нации“ до Ѓорче Петров. Град Скопје периодов планира да ги санира улиците Брадфорска и Лондонска во Карпош, како и улицата Антон Панов во Кисела Вода.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Од позначајните проекти за целиот град, во наредниов период ќе започне изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, како и реализацијата на втората фаза од изведбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош. „Продолжуваме со редовната реконструкција на сите оштетени улици со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град“ изјави градоначалникот Петре Шилегов.

 

Тој денеска изврши увид во реконструкцијата на улицата Ацо Шопов во општина Карпош. Со зафатот се санира коловозот на оваа сообраќајница на потегот од улицата Марк Твен до кружниот тек кај булеварот Партизански одреди, во должина од 1.088 метри. Градежниот зафат ќе се заврши најдоцна до ноември годинава и за него се одвоени 5,9 милиони денари.