Претходна статија
Штипски „Бетон“ годинава остварил загуба од над 48,4 милиони денари
Следна статија
Повеќе извршени, помалку договорени зделки на градежниците во странство

Автобусите со помалку патници превезени во вториот квартал

Објавено на 17.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Патниот патнички превоз во периодот април – јуни 2018 година имал намален број на патници за 1%. Државниот завод за статистика регистрирал пад од 2,3% кај бројот на превезени патници во градскиот сообраќај, намалување од 0,1% кај приградскиот превоз, пад од 8,7% кај меѓународниот транспорт, но и зголемување од 4% кај меѓуградскиот превоз во споредба со идентичниот период лани. Во однос на првото тримесечје од годинава, забележан е раст на превозот со автобуси кај сите видови патнички превоз.

 

 

Градскиот превоз во вториот квартал од годинава го користеле вкупно 10.778 илјади патници, додека со приградскиот транспорт патувале 8.138 илјади патници. Со меѓуградски превоз во овој период од годината биле превезени 1.958 илјади патници, додека со автобус во странство патувале 190 илјади патници.