Претходна статија
Чаир избра иедјно решение за изградба на нова детска градинка
Следна статија
Штипски „Бетон“ годинава остварил загуба од над 48,4 милиони денари

Проектот за реконструкција на булеварот „Никола Карев“ ќе биде готов за 4 месеци

Објавено на 16.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Најдоцна за 4 месеци ќе биде изработен инфраструктурниот проект и основниот проект за скопскиот булевар „Никола Карев“, на потегот од раскрсницата со улицата „Самоилова“ до клучката кај Момин Поток. Град Скопје ја избра фирмата „Еуро Роад Дизајн Груп“ од Скопје за да ја комплетира проектната документација, за сума од 1,1 милион денари.

 

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов годинава најави дека токму овој булевар е вметнат на списокот на сообраќајници што ќе се реконструираат во наредните месеци. Заедно со овој зафат, во неговата предизборна програма, вметнат е проектот за проширување на оваа сообраќајница, која што го спојува Бит – пазар со излезот на Скопје, во правец кон Косово.

 

Паралелно со претстојната реконструкција на потегот од улицата „Самоилова“ до Момин Поток, Градот Скопје работи и на изготвување на документацијата (физибилити студија и идеен проект) за трасата на булеварот „Никола Карев“ помеѓу булеварот „Словенечка“ и скопската обиколница. Воедно, минатата година беше реализиран тендер за подготовка на физибилити студија и инфраструктурен проект за изведба на идна клучка, која што би се градела на пресекот на овој скопски булевар со улицата „Скупи“ и булеварот „8 – ми Септември“.