Скопската цементарница УСЈЕ остварила мало намалување на добивката од работењето во првите шест месеци од 2018 година. Како што се наведува во финансискиот извештај, во периодот јануари – јуни 2018 година е остварена консолидирана нето добивка од 432.543.000 денари, што е за над 65 милиони денари помалку во споредба со идентичниот период лани. Консолидираните продажби на готови производи и услуги во првото полугодие од годинава изнесувале 1.883.685.000 денари, при што најголемо учество во продажбата е регистрирана на домашниот пазар, кој учествува со 68% во вкупните продажби.
Притоа, Цементарница УСЈЕ остварила намалување на продажбите на готови производи и услуги на домашниот и на странскиот пазар, споредено со периодот јануари – јуни 2017 година. Во идентичниот период од минатата година била регистрирана продажба во износ од 2.070.523.000 денари.