Претходна статија
Велосипедски патеки во должина од 5 километри се градат во Скопје
Следна статија
За 5 месеци ќе се знае дали ќе се гради систем за наводнување во општина Долнени

Индустрискиот објект МЛ ГАРИ – MAYA ја освои наградата Architizer A+ од публиката

Објавено на 06.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонскиот архитект Александар Карангелов ја освои наградата A+ Popular Choice Award за изработениот проект за индустрискиот објект МЛ ГАРИ – MAYA во селото Гари, Општина Дебар. Ова здание ја освои престижната архитектонска награда од публиката по спроведеното онлајн гласање во изминатиов период. Оваа авторска творба е рангирана како првопласирана во категоријата на индустриски објекти и складишта. Наградата од меѓународен ранг е освоена во конкуренција на пет други индустриски објекти од целиот свет, кои биле претходно селектирани од стручни лица.

 

*Архитект Александар Карангелов на доделувањето на Големата годишна награда на ААМ за 2017 година

 

Освојувањето на престижната награда Architizer+ претставува второ врвно признание за овој индустриски објект дизајниран од архитект Александар Карангелов. Проектот за фабриката за полнење на вода веќе ја доби Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за 2017 година.

 

Architizer+ наградите се одржуваат по 6 – ти пат во САД, во организација на Architizer. На овогодинешното издание пристигнале над 5.000 архитектонски зданија реализирани во над 100 земји од целиот свет. Прогласени се наградени авторски творби во вкупно 98 категории, кои беа селектирани како најдобри од жирито или од гласовите на публиката. При изборот на најдобрите архитектонски дела од публиката, во онлајн гласањето учествувале над 400.000 гласови дадени од целиот свет.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk