Претходна статија
Сериозни проблеми со експропријацијата ја кочат изградбата на пругата кон Бугарија
Следна статија
Куманово сака да гради дополнителни 25 километри гасоводна мрежа

53 милиони денари за реконструкција на кумановскиот градски водовод

Објавено на 02.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски одвои околу 53 милиони денари за реконструкција на дел од водоснабдителниот систем во Куманово. Скопската фирма „ЦМЦ Гроуп“ е избрана за изведувач на работите, додека проектот треба да се реализира во рок од 15 месеци. Тендерот за реконструкција на градскиот водовод во Куманово беше објавен кон крајот на мај годинава.

 

 

Со зафатот е предвидено да се промени постојната мерна опрема во филтерницата и бунарското подрачје Митев мост, да се постави нова мерна опрема на три локации во високата зона во градот, да се инсталира опрема за следење на нивото на водата во двата резервоари, да се изведе електроенергетско напојување на објектите, да се заштитат овие објекти од атмосферски празнења, да се воведе SCADA системот и да се адаптираат две простории за баждарење и пескарење на водомери.

 

Обновата на дел од водоснабдителниот систем во Куманово следува по набавката на нови 10.000 електрични водомери за кумановските домаќинства. Тековните проекти се очекува да ги решат проблемите со недостиг на вода во летните месеци, но и неконтролираното трошење на водата во овој период од годината.