Претходна статија
ЛУКОИЛ ја отвори 30-та бензинска станица во Македонија
Следна статија
Само „Виз ер“ заинтересиран за новите субвенции за нискобуџетни компании

Се гради нова клучка за ТИРЗ Прилеп

Објавено на 27.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изврши увид во градежните работи за изградба на пристапни патишта и водовод во ТИРЗ Прилеп. Со проектот е предвидено да се изгради клучка на две нивоа која ќе овозможи брзо и безбедно вклучување и исклучување на магистралниот пат Прилеп – Битола. Вкупната должина на пристапните патишта до прилепската индустриска зона е 2,8 километри, а висината на оваа инвестиција е околу 4 милиони евра.

 

*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

„Овој проект е од огромно значење за ТИРЗ Прилеп заради обезбедување на соодветни услови на сегашните и идни инвеститори во зоната, се со цел да им се овозможи брз и навремен транспорт на нивните производи“ изјави Сугарески. Градежните работи започнаа пред еден месец и истите е предвидено да се завршат во рок од 15 месеци. Изведувач е македонско – босански конзорциум составен од фирмите „Карпош АД“ од Скопје и „ХЕРИНГ ДД“ од Широки Брег.