Претходна статија
43,7 милиони денари за изградба на канализација во Дабиле и Просениково
Следна статија
Во ТЕ „Осломеј“ ќе се гради нов котел за користење на увозен висококалоричен јаглен

Изложба „55 години сеќавање – од архивите на еден град“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Објавено на 26.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје е поставена изложбата „55 години сеќавање – од архивите на еден град“. Со цел да се прикаже оваа несреќа, низ призмата на солидарноста, но и да се посведочи за културолошката визија на урбанистите, посетителите на изложбата ќе може да се запознаат со оригинални фотографии, извадоци од урбанистички елаборати и мапирање на културни објекти.

 

Дел од материјалите се подарок од личната збирка на фотографот Александар Кондев. Останатите содржини на изложбата се дел од помалку познати изданија, кои претставуваат ретка можност за запознавање со скопските објекти пред земјотресот, руините од позначајните објекти и визиите за издигнување на нов, модерен град.