Претходна статија
Започнува реконструкцијата на зелениот пазар во Куманово
Следна статија
Започнува првата фаза од реконструкцијата и надградбата на булеварот „Босна и Херцеговина“

24 милиони денари за изградба на претоварна станица на струшката депонија

Објавено на 23.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Струга ќе издвои 24 милиони денари за да го реши проблемот со натрупаниот отпад на струшката депонија. Во период од 12 месеци, трите скопски фирми „Карпош АД“, „Техникс“ и „Уни Стил Ком“ се должни да ја изградат претоварната станица за комунален отпад, која што ќе има капацитет да обработи 45 тони на час. „Карпош АД“ ќе биде должен да го изгради овој инфраструктурен објект, додека „Техникс“ ќе ја достави опремата и инсталацијата за претоварната станица. Транспортот на компресираниот комунален отпад до скопската депонија „Дрисла“ ќе го врши „Уни Стил Ком“.

 

 

Со реализацијата на овој проект се очекува во целост да се реши проблемот со сегашната депонија во Струга. Со неговата реализација ќе се дислоцира комуналниот отпад во адекватна депонија, со што ќе се отстрани опасноста од потпалување на отпадот и натамошното аерозагадување на Струга во текот на летните месеци. Тендерската постапка за овој проект беше распишана на почетокот од април годинава.