Претходна статија
Експресен пат ќе се гради од Струмица до македонско - бугарската граница
Следна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Младинскиот културен центар подарен од Алжир и СССР

Започна изградбата на хидросистемот „Конско“

Објавено на 21.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го означија почетокот на изградбата на хидросистемот „Конско“. Капиталниот зафат се состои од брана на реката Конско, зафат Горничет на околу 8,5 километри низводно, како и зафати на протечните води на реките Жабачка, Сермениска и Кованска. Браната „Конско“ ќе биде висока 78,5 метри и долга 331 метри, што ќе биде најголем инфраструктурен зафат изведен во регионот на Гевгелија во изминативе 50 години.

 


* извор на фотографии: Влада на Република Македонија

 

Вкупната инвестиција во хидросистемот е над 2,4 милијарди денари. Проектот ќе обезбеди вода за наводнување на 8.000 хектари земјоделски површини на југот на нашата земја. Покрај тоа што ќе го реши проблемот со наводнувањето на земјоделските површини, хидросистемот „Конско“ треба да обезбеди вода за пиење и напојување со вода на Дојранското езеро. Овој капитален зафат ќе го гради турската компанија „Серка Таахут“.

 

 

„Со новото техничко решение, односно преку изградба на три подсистема на оваа брана, ќе се наводнуваат околу 8.000 хектари плодно обработливо земјиште, односно се зголемуваат за пет пати наводнуваните површини“ изјави министерот Николовски.