Претходна статија
Град Скопје ќе организира настани за одбележување на 55-годишнината од скопскиот земјотрес
Следна статија
Почнува изработката на проектите за новите скопски булевари „Хрватска“ и „Љубљанска“

Градежниците против укинувањето на ДУП-овите во Скопје

Објавено на 19.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежните компании сметаат дека укинувањето на донесените ДУП-ови ја доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите. Откако Уставниот суд укина три урбанистички плана во општина Карпош, од Градежната комора на Македонија посочуваат дека укинувањето на одреден ДУП по автоматизам ги блокира сите процеси кои се поврзани со делот на градењето. Инвеститорите во нови станбени згради велат дека немаат никаква поврзаност со постапката за донесување на урбанистичките планови, но се директно засегнати од ваквата разврска, заедно со граѓаните што уплатиле за стан и банките што одобриле станбени кредити.

 

 

„Укинувањето на ДУП на готов објект, во кој вложиле и компаниите и граѓаните и сите вклучени во процесот значи огромен финансиски товар. Врз основа на проценките на Градежната комора на Македонија, со моментот на укинување на ДУП – овите, делот на мораториум на дупови кој се води, државата претрпува штета поголема од 1 милијарда евра, како и сите чинители инволвирани во процесот“ изјави Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора.

 

Ваквите реакции на градежниците доаѓаат само неколку дена по укинувањето на три урбанистички плана во општина Карпош од страна на Уставниот суд. Паралелно со нив, во општина Центар продолжува мораториумот за градење, за кој индиректно денеска реагираа инвеститорите од градежниот сектор. Наспроти нив, граѓанските активисти и екологистите отворено ги поддржаа одлуките на Уставниот суд, потенцирајќи дека делови од Карпош веќе немаат капацитет за да примат новите станбени згради. Нив индиректно ги поддржа и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, којшто ќе донесе 23 регулациски планови на ГУП – от за Скопје за да се ограничи вцртувањето маркички за згради и деловни објекти.