Претходна статија
Британска компанија сака да инвестира во депонијата Русино
Следна статија
Гевгелија и две грчки општини заеднички ќе работат на регулација на коритото на Конска река

Годинава ќе започне уредувањето на коритото на река Серава во Бутел

Објавено на 17.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Проектот за уредување, заштита и регулација на коритото на реката Серава во скопската општина Бутел ќе се започне да се реализира во текот на оваа година. Првата фаза опфаќа уредување на 170 метри од речното корито, коишто треба да се изведат во рок од 4 месеци.

 

Чистењето и уредувањето на реката Серава со години наназад е горлив проблем за скопските општини Бутел и Шуто Оризари. Иако редовно се чисти од општинските власти, речното корито веднаш потоа се полни со отпадоци и бујна вегетација и е неатрактивно за рекреација кај жителите од овие општини. Во изминатите години се ветуваше изградба на пешачки патеки, поставување на урбана опрема и трајно уредување на речното корито, но ваков проект досега не се реализираше од локалните власти.