Претходна статија
21,9 милиони денари за довршување на „барокната палата“ на АДСДП
Следна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Средното училиште „Георги Димитров“ на бугарскиот архитект Кирил Григоров Георгиев

Заврши реконструкцијата на водоводната мрежа во центарот на Крива Паланка

Објавено на 13.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Обновена е водоводната мрежа во центарот на Крива Паланка. Во изминативе 4 месеци беше завршена замената на околу 3 километри азбестно-цементни цевки од улиците во централното градско подрачје. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска се започнаа со комплетираниот проект вреден над 13,3 милиони денари.

 

*Извор на фотографија: Општина Крива Паланка

 

Министерот Горан Сугарески очекува реализација на два нови проекта за обнова и надградба на водоводната мрежа во Крива Паланка преку средствата обезбедени од Европската инвестициона банка. „Едниот се однесува во делот на замена на водомери, а вториот за поврзување на водоводна мрежа во дел од општината. Моите очекувања се апликацијата да заврши во најбрз можен рок“ изјави тој.

 

Во изминатиов период во Крива Паланка беше завршена реконструкцијата и на регионалниот пат кон селото Огут, со што за еден месец од државниот буџет се инвестирани околу 30 милиони денари во инфраструктурни проекти. Двата министри потенцираа дека во изминатиов период започна изградбата на експресниот пат кон Крива Паланка, а веќе се работи и на ретендерирање на втората фаза од идната пруга Бељаковце – Крива Паланка.