Претходна статија
„ГЕИНГ“ ќе го изготви основниот проект за реконструкција на спортската сала во Куманово
Следна статија
Распишан тендерот за реконструкција на „Северниот булевар“ во Кавадарци

Грант од 4,6 милиони евра од Швајцарија за комуналната инфраструктура во Гостивар

Објавено на 11.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Гостивар доби грант од 4,6 милиони евра од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО) за подобрување на водоводната и канализационата мрежа во оваа општина. Договорот за ставање на располагање на овој грант денеска го потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП Комуналец – Гостивар Исак Лазами и претставникот на КфВ банката, која е администратор на грант средствата, Рене Ескеман.

 

*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

Претстојниот проект ќе овозможи подобрување на комуналната инфраструктура во Гостивар. Средствата ќе бидат наменети за набавка на опрема за откривање на протекувањето вода, за изградба на нови резервоари и цевководи од гостиварскиот водовод и за останати подобрувања на мрежата. Вкупната сума што ќе се инвестира во Гостивар е 7,2 милиони евра, информираат од Министерството за транспорт и врски.

 

Покрај швајцарскиот грант, за реализација на проектот ќе се одвојат 250.000 евра грант од германската КфВ банка, заем од македонската влада од 1,7 милиони евра и општински средства во висина од 682.000 евра.