Претходна статија
Распределба на 53 социјални станови во Кочани и Македонски Брод
Следна статија
Велес половина година не може да пронајде изработувач на новиот ГУП

МСУ домаќин на меѓународен семинар „Иновативно брендирање на градовите“

Објавено на 06.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во Музејот на современа уметност во изминативе два дена се одржа семинарот „Иновативно брендирање на градовите – Градење и комуницирање на компетитивни локални идентитети“. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го отвори семинарот и во неговата воведна сесија ги претстави визиите во која насока го гледа идното брендирање на македонскиот главен град. Експертот Мигуел Ривас од меѓународната консултантска куќа ТАСО го претстави концептот на менаџирање на иновативен начин на брендирање на градовите, и тоа не само од перспектива на комерцијални маркетинг практики, туку и преку интегриран пристап на урбан развој.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Главната цел на овој семинар беше да потенцира дека брендирањето на градот е основа за нов начин на промоција и развој на градовите. Истовремено, овој семинар претставува прв чекор од процесот на брендирање на Град Скопје, процес во кој Град Скопје ќе работи со сите засегнати страни со цел креирање на заедничка приказна како основа за брендирање на главниот град. На семинарот учествуваа претставници од градската администрација, Агенцијата за промоција на туризмот, јавните претпријатија, културните институции, архитекти, урбанисти, туристички работници и графички дизајнери.

 

Одржаниот семинар е во организација на „Лабораторија за урбано живеење“ и се организира во рамките на европскиот проект РОК – регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови, финансиран од Европската програма за истражување и иновации Хоризонт 2020.