Претходна статија
Велес со план за заживување на вештачкото езеро Младост
Следна статија
Во Македонија лани биле регистрирани 762 нови дивоградби

Музејот на град Скопје в петок домаќин на панелката „Скопје – урбан град на минатото или иднината?“

Објавено на 27.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наоди од истражувањата на тројца докторанди на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 29 јуни (петок), со почеток од 15:30 часот, ќе бидат презентирани пред пошироката јавност на закажаната панел дискусија со наслов „Скопје – урбан град на минатото или иднината?“ во Музејот на град Скопје. Станува збор за наоди од истражувањата, спроведени во рамки на докторските студии на Марија Димитровска, Ива Петрунова и Емина Рустемовска. Тие опфаќаат аспекти на социо-културната, архитектонската и еколошката транзиција на градот.

 

На панел дискусијата со свои ставови и заклучоци од истражувањата ќе се претстават и универзитетските професори Антоанела Петковска, Илија Ацески и Марула Николоска. Трите докторанди на УКИМ се корисници на мали грантови за стипендија во рамки на програмата Цивика мобилитас.