Претходна статија
во Демир Капија се продава земјиште за изградба на откупно - дистрибутивен центар
Следна статија
Започна изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка

МСУ домаќин на изложба за бруталистичкото архитектонско наследство на Скопје

Објавено на 22.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Музејот на современата уметност во Скопје од денес до 16 јули ќе биде домаќин на изложба за бруталистичкото архитектонско наследство на македонскиот главен град. Лабораторијата Landscape_inProgress при Универзитетот Медитеранеа го презентира проектот 99FILES, чија интенција е да го ослободи ова архитектонско наследство од негативна идеолошка конотација и да трасира различни интерпретативни насоки за овие скопски објекти. Иницијативата конструира Дигитален архив http://lansscapeinprogress.unirc.it, како своевидна колекција на цртежи, фотографии, видеа и текстови изработени од поканети и селектирани уметници.

 

 

Материјалите ќе бидат изложени во Музејот на современата уметност под кураторство на Марина Торнатора, Отавио Амаро, Благоја Бајковски, Алесандро Де Лука и Лучија Ла Џуса. Проектот 99FILES е поддржано од Универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија, Италијанската амбасада во Скопје, Музејот на современата уметност во Скопје, Архитектонскиот факултет при УКИМ, Општина Центар и добива медиумска поддршка од магазинот АБИТАРЕ.