Претходна статија
Обновливата енергија останува недоволно искористена во земјава
Следна статија
Во сабота архитектонска изложба и дискусија во Железничката зграда во Скопје

Кичево доби пречистителната станица за отпадни води со средства од ЕУ

Објавено на 20.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Решен е проблемот со прочистување на отпадните води на територијата на Кичево. Денеска беше свечено пуштена во употреба новата пречистителна станица со инсталиран капацитет за 48.000 жители. Со проектот е изграден дополнителен колектор и пристапен пат до инфраструктурниот објект. Финансиската вредност на реализираниот проект изнесува 8,3 милиони евра, кои во најголем дел се обезбедени од ИПА фондовите на Европската Унија.

 

*Извор на фотографии: Влада на Р.М.

 

Со проектот се обезбедува директна заштита на реките Треска и Вардар, со што се зголемува квалитетот на нивните води. Изградбата на инфраструктурниот објект се одвиваше во изминативе две години. За изведба на пречистителната станица за отпадни води во Кичево беше задолжена фирмата WTE Group. Со завршувањето на овој проект на Кичево му се отвора можноста да аплицира до европските претпристапни води за рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во должина од 100 километри.

 

 

На денешната свеченост во Кичево присуствуваа амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, министерот за економија Крешник Бектеши и кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари. „Овој проект е дел од активностите финансирани од ЕУ за унапредување на инфраструктурата која овозможува заштита на животната средина согласно стандардите на ЕУ“ изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.