Претходна статија
Во недела галерија на урбана уметност во сутеренот на ГТЦ
Следна статија
Ново продолжување на мораториумот на ДУП-овите во општина Центар

„Југохром“ почна да ги поставува филтрите обезбедени со владина помош

Објавено на 14.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце со забрзано темпо ги поставува филтрите кои се основен услов за добивање на А – интегрирана еколошка дозвола за работа. Како што јавува телевизија „Алсат – М“, изведбените работи треба да се завршат до ноември годинава. Во првата етапа ќе се постават филтри за отпрашување на блоковите 7 и 8, за што од владата обезбедија заем преку Македонската банка за поддршка на развојот. Инвестицијата е во висина од 4.170.000 евра, од кои раководството на „Југохром“ обезбедило 800.000 евра.

 

 

Главната цел на ваквото партнерство меѓу владата и раководството на „Југохром“ е да се задоволат потребите на сите инволвирани страни од работењето на овој индустриски гигант. Забрзаното поставување на филтрите ќе значи намалување на загадувањето на воздухот во Тетово, со што ќе се задоволат барањата на екологистите и на граѓанските активисти. Поставените филтри ќе значат рестартирање на производството во комбинатот, со што работниците ќе се вратат во производствените погони. Сопственикот на „Југохром“ ќе може да генерира добивка од обновеното производство, со што ќе го врати подигнатиот заем кон државата. Од друга страна, владата би сакала да види зголемено индустриско производство до крајот на годинава.

 

Владата, раководството и синдикатот на „Југохром“ во октомври 2017 година потпишаа меморандум за изнаоѓање натамошно решение за работа на овој комбинат. Системот на отпрашување ќе се изведува етапно, за што е неопходно да се обезбедат вкупно 12 милиони евра.