Претходна статија
„Југохром“ почна да ги поставува филтрите обезбедени со владина помош
Следна статија
Ќе се уредува коритото на Зајашка река

Ново продолжување на мораториумот на ДУП-овите во општина Центар

Објавено на 14.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Советот на општина Центар на денешната седница донесе одлука за повторно запирање на спроведувањето на 31 Детален урбанистички план за подрачјето на општината. Со оваа одлука се запираат постапките за издавање на одобренија за градење кои се во границите на урбанистичко – планските документации опфатени во деталните урбанистички планови. Голем дел од запрените ДУП – ови се донесени од претходните општински раководства, во доцните вечерни часови, без никаква консултација со засегнатите страни, посочуваат од општина Центар во денешното соопштение.

 

 

Градоначалникот Саша Богдановиќ пред советниците ја образложи одлуката за повторен мораториумот на ДУП – овите. Тековната ревизија на урбанистичките планови во Центар би донела услови за похумано живеење на жителите од оваа општина, надминување на урбаните бариери на лицата со попреченост, како и заштита и унапредување на животната средина.

 

Најновата одлука на Советот на општина Центар претставува четврто продолжување на мораториумот за градење во централното градско подрачје на Скопје. Првичната одлука стапи на сила на 28 декември 2017 година.