Претходна статија
По пет години пауза, ново ветување за граничниот премин „Белановце - Станчиќ“
Следна статија
Почина архитект Александар Никољски

Започна изградбата на нова општинска зграда во Арачиново

Објавено на 11.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Премиерот Зоран Заев и амбасадорот на ЕУ во нашата земја Самуел Жбогар денеска го означија почетокот на изградбата на новата административна зграда на општина Арачиново. Проектот со вредност од над 240.000 евра ќе обезбеди седиште на општинската администрација, која во моментов е лоцирана во барака стара речиси 7 децении. Од европските фондови се алоцирани 181.482 евра за оваа намена, додека останатите средства се обезбедени од македонскиот буџет.

 

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Премиерот Заев изјави дека почетокот на изградбата на новата општинска зграда е само дел од проектите што треба да се реализираат во општина Арачиново. Во изминатиов период се реконструирани муслиманските и христијанските гробишта, а се работи и на проектна документација за канализацијата и за трајно решавање на проблемот со вода за пиење. Тој дополни дека почетокот на изградбата на оваа зграда е една од многуте капитални инвестиции за годинава, за кои ќе се инвестираат околу 250 милиони евра.